Синоќа се одржа долгоочекуваниот натпревар во забивање на All-Star викендот во Кливленд. Најатрактивниот дел од саботната вечер воопшто не ги оправда очекувањата.
Натпреварот доби многу критики од стручњаците како и од навивачите поради преголемиот број на промашувања од страна на учесниците. Иновативноста затаи, а во конкуренција на четири натпреварувачи најуспешен беше центарот на Њу Јорк Никс, Оби Топин. Пред импресивното жири составено од Доминик Вилкинс, Ајзеа Томас, Клајд Дрекслер, Дејвид Робинсон и Џулиус Ирвинг, Топин го освои трофејот поради најмалиот број на грешки кој ги направи во споредба со останатите натпреварувачи.Младиот центар на Њу Јорк Никс и лани настапи на ова натпреварување и го завзема второто место.
NBA FAN
Димитар Младеновски