МЗТ Скопје Аеродром славеше во полуфиналниот меч во борбата за Купот на Македонија против дебитантот Феникс 2010, со 76-66.
Со оваа победа “металците” се изборија за пласман во финалето и шанса за освојување на рекордниот 11-ти куп трофеј. Аеродромци натпреварот го започнаа силно и остварија опиплива предност. Во еден момент фаворитот водеше со 17 поени разлика но, младиот тим на Феникс успеа (некако) да се врати во игра. 

Одличната игра на двата краја од теренот беше клучна за успехот. МЗТ диктираше темпо, ги намали грешките (кој беа редовна појава на претходните натпревари) и со одлична игра се изборија за шанса да го зграбат посакуваниот пехар. Нападот функционираше одлично а и во моментите кога противникот резултатски се доближуваше, преовладеа искуството. Во финишот на мечот и покрај слабата реализација на шутот од поле, “штрковите” не дозволија сензација.
Први стрелци кај “плаво-белите” беа браќата Стојановски. Војдан постигна 17 а Дамјан 15 поени за финале и шанса за историски успех.
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













