На синоќешниот Ол-Стар натпревар во Кливленд, тимот на Леброн Џејмс го победи тимот на Кевин Дурент со 163-160. Откако се игра во овој формат, “кралот” е непоразен со пет победи.
Најсветла ѕвезда оваа вечер беше најдобриот шутер на сите времиња, Стеф Кари. Шутерот на Голден Стејт Вориорс постигна неверојатни 16 тројки со кој постави нов рекорд на Ол-Стар средбите. Кари мечот го заврши со 50 поени и ја освои наградата за најкорисен играч на средбата.
Покрај Стеф Кари, одличен меч одигра и Јанис Антетокумпо кој постигна 30 поени а Леброн Џејмс ги постигна клучните поени на мечот завршувајќи со 24 поени и 8 асистенции.
NBA FAN
Димитар Младеновски