Најинтересното од синоќешната богата NBA програма.
Бостон Селтикс го пречека Далас Маверикс.
Домаќините одиграа одлична кошарка и водеа во најголемиот дел од натпреварот. Во вториот дел од последната четвртина (за момент) се врати неизвесноста но, “келтите” набрзо повторно го наметнаа темпото и стигнаа до заслужена победа (125:112).
Водечки кај “Селтикси” очекувано беа Џејсон Тејтум со 37 поени и Џејлен Браун со 31 постигнат поен. На спротивната страна Лука Дончич имаше уште една одлична претстава (42 поени и 9 асистенции) за жал, не доволно за гостинска победа.
Чикаго гостуваше кај својот сосед, Милвоки.
“Биковите” втор натпревар по ред, пружија одлична игра и успеаа да стигнат до нов гостински триумф против уште еден силен тим (118:113).
Демар Дерозан имаше импресивна вечер, постигнувајќи 36 поени и 8 асистенции. Несебична помош доби од Зек Лавин и Никола Вучевич кој реализираа по 18 поени.
На спротивната страна, Јанис Антетокумо реализира “дабл-дабл” учинок сочинет од 36 поени и 11 скокови.
NBA FAN
Димитар Младеновски