Чави Пасквал и честиташе на Македонија и се откажа од мундијалот

799

Ракометната Репрезентација на Македонија вчера го исполни планираното, оствари важна победа против Романија, во првиот бараж натпревар за пласман на СП.

Романија загуби во Скопје со резултат 32:24, а според селекторот на Романија, тоа е  доволно за Македонија да биде со мислите кон СП.

„Им честитам за победата, денеска беа далеку подобри од нас. Разликата беше евидентна на терен, знаевме дека има разлика меѓу двете репрезентации, а тоа и го видовме. Баражот за нас е завршена приказна. Во реваншот ќе биде многу важно да ја победиме една од најдобрите репрезентации“, изјави Чави Пасквал.