Сакраменто Кингс гостуваше на Мемфис Гризлис, во обид да направи нешто кое се нема случено цели 14 години.
Одличната игра во нападот константо го зголемуваше водството на “кралевите”, се до последната четвртина кога Џа Морент се реши сам да го врати својот тим во игра.
Младатa ѕвезда на Мемфис влезе во серија на поени и ги доведе “гризлис” на -3. Во последните секунди, беше фаулиран во обид за три поени но, го промаши првото слободно фрлање и потоа се беше загубено.
Гостите победија со 113:109, на тешкото гостување во Тенеси.
Деарон Фокс беше прв стрелец со 32 поени, следен од ветеранот Харисон Барнс кој постигна 26 поени и Кевин Хуртер со 18 поени за тимот од главниот град на Калифорнија.
Ова претставуваше седма последователна победа на Сакраменто, нешто кое “кралевите” го немаат остварено од Ноември 2004-та година.
Со оваа победничка серија, Сакраменто моментално се наоѓа на третата позиција во Западната конференција, со биланс 10-6.
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)














