Синоќа во Денвер, се судрија домашните “нагетси” и гостите од Бруклин.
Предводени од актуелниот MVP, Никола Јокич, Денвер стигна до висок и убедлив триумф од 124-104. Српскиот интернационалец оствари трипл-дабл учинок сочинет од 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Ветеранот Вил Бартон и ултра атрактивниот Арон Гордон го следеа во чекор со 21 односно 17 поени. Со новата победа тимот од Колорадо го поправи својот биланс (29-24) и се наоѓа на шестата позиција во западната конференција. “Нетси” настапија без Кевин Дурент и Џејмс Харден. Во нивно отсуство Кајри Ирвинг постигна 27 поени и 11 асистенции кој се покажаа како недоволни за да се спречи осмиот пораз по ред.
Иако беа еден од најсериозните кандидати за тронот, Бруклин Нетс игра драстично под очекувањата. Посебно критични се последните 30-ина дена, кога од борба за првата позиција на истокот паднаа на седмото место на табелата, со скор 29-24. Во 75 годишната историја на NBA, ниеден тим не успеал да стане шампион кога во таа сезона имал повеќе од 6 порази по ред.
NBA FAN
Димитар Младеновски