Повратот на ДДВ од предновогодишните пазарења во февруари: Чекајте пари за десетина дена

48

Управата за јавни приходи во текот на следниот месец февруари ќе врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година .

Оттаму информираат дека во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра

„При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5. 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во е-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ. Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во е-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на е-ПДД, информира УЈП.