Керис Леверт е нов играч на Кливленд Кавалирс. Сјајниот поентер кој е родум од Колумбус (Охајо), се враќа дома.
Веќе пишувавме за тимот на Кливленд Кавалирс како едно од најпријатните изненадувања во ова првенство.
NBA колумна на Димитар Младеновски-Кливленд е хит на првенството
Ангажирањето на “малиот Кевин Дурент” (како што го нарекуваат неговите фанови) е уште поинтересно имајќи го во предвид начинот на кој тој се враќа во својата родна средина.
Леверт доаѓа во размена која во спротивен правец го испраќаат ветеранот Рики Рубио и три идни избори на драфтот. Годинава постигнува речиси 19 поени по натпревар и го дели првото место по бројот на постигнати поени во Индијана, со неговиот соиграч Домантас Сабонис. На овој начин, Кливленд добива одличен кошаркар “за џабе”.
Рубио имаше одлична сезона и пред сериозната повреда ја играше најзрелата кошарка во неговата професионална кариера. Имајќи во предвид дека нема да биде активен подолг период а неговиот договор годинава истекува, за очекување е тимот од Индијанаполис да се ослободи од него по крајот на ова првенство. Идните избори на драфтот (од кој еден во првата а два во втората рунда) претставуваат вистинска неизвесност и непознатост (од сегашна гледна точка). Мора да се има во предвид дека “собирајќи пикови” од драфтот отвара можност за “пејсерси” да напредуваат при нивно разменување за повисок избор на идните драфтови, што по некоја логика би им овозможило да изберат подобар играч односно посветол талент.Во Индијана се спрема целосен ремонт на тимот кој со години игра под очекувањата. Организацијата има сериозен притисок од навивачите да превземе нешто од причина што до сега делуваше како да немаат конкретен план како ќе продолжат понатаму? За очекување е набрзо да се реализира долго очекуваната размена на нивниот центар, Мајлс Тарнер кој отворено го изрази својот револт кон управата. Индијана има само 19 победи сезонава и е далеку од доигрувањето.Со штотуку избраниот All-Star Дариус Гарленд, сјајниот дебитант Еван Мобли како и еден од најперспективните центри во лигата – Џарет Ален, иднината на тимот од Охајо е повеќе од светла. Очекувајќи го дебито на новиот бек шутер на “кавси”, во следното видео ги нудиме најубавите моменти во текот на досегашното првенство. Уживајте…
NBA FAN
Димитар Младеновски