Пејачката Александра Пријовиќ јавно проговори за она што и претставува најголема болка во животот, а тоа е разводот на нејзините родители.
Во времето кога тоа се случило Александра била тинејџерка, а родителите решиле да се разведат. Овој немил настан, судејќи по изјавите на пејачката таа го смета за рана која се уште не се затворила и не е сигурна дека тоа некогаш ќе се случи.
Недељко и Борка Михаловиќ, родителите на Александра, не опстанале во бракот, а откако се разделиле нивниот однос оставил трага на животот на малата Пријовиќ
Никогаш нема да биде исто, секогаш замислувам како тие се заедно, изјавила пејачката своевремено за Блиц.
Мојата мајка работеше и пееше, одеше далеку од дома на тезга. Меѓутоа, бидејќи не сакаше да останам сама, секој пат се враќаше колку и километри да беше одалечено местото каде настапува.Се враќаше дома уморна, за да биде со своето дете и тоа е нешто што го ценам.