Леброн Џејмс стигна до второто место на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на NBA.
На синоќешното гостување во главниот град, Џејмс постигна 38 поени поминувајќи го Карл Мелоун. И покрај рекордната вечер на “кралот” неговиот тим на крајот беше поразен од Вашингтон Визардс со 127:119. Единствено Карим Абдул-Џабар се наоѓа на листата на стрелци пред Леброн Џејмс.
Легендарниот центар на “лејкерси” има 38.387 поени а Леброн 36.939 поени. Доколку продолжи со исто темпо голема е веројатноста Џејмс во блиска иднина да ја завземе и првата позиција. Му недостасуваат само нешто над 1.400 поени, што претставува достижна цел за еден од најголемите кошаркари на сите времиња.
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)















