NBA колумна на Димитар Младеновски-“Пиштолот” Маравич и неговата перфектна стрелба (ВИДЕО)

670

“Пистол” Пит Маравич претставува еден од најголемите шоумени кој се појавиле на кошаркарските терени. Овој прекален стрелец поседуваше стил на игра која беше пред своето време. Еден од најспецифичните и најоригиналните спортисти на сите времиња.По легендарната колеџ кариера на универзитетот Луизијана, Маравич одигра 10 продуктивни сезони во најсилната лига на Светот. Беше 5 кратен “All Star” и најдобар стрелец на првенството. Остави неизбришлив печат со својата уникатност и луцидност.На денешен ден пред 44 години, “Пиштолот” го постигна највисокото поентерско остварување во својата професионална кариера. Маравич ги “стрелаше” противниците од Њу Јорк, реализирајќи феноменални 68 поени во победата на својот тим против “Никси”. Уживајте во ова видео.

NBA FAN

Димитар Младеновски