Тимот на Феникс Санс ја игра најдобрата кошарка во NBA.
На синоќешниот натпревар против Сан Антонио Спарс, “сонцата” анулираа негатива од 11 поени, и преку пресврт ги совладаа младите “мамузи” со 115-110.

Прв стрелец за тимот од Аризона беше Девин Букер со 28 поени, следен од Микел Бриџис со 26. Нивниот генерал, Крис Пол имаше фантастична претстава сочинета од 20 поени и 19 асистенции. “Санси” се првиот тим сезонава кој стигна до 40-от триумф. Феникс во моментов има серија од 10 победи по ред, и логично се наоѓа на врвот со скор од 40-9.
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















