Жена нападната и искасана од белгиски овчар во сопствениот двор

735

Вистинска драма се случувала неодамна во дворот на 70-годишна Дана Солаков, во скопската населба Волково. Жената едвај спаси жива глава откако врз неа се нафрлило куче кое влегло во нејзиниот двор. Дана се здоби со телесни повреди кои веднаш и биле санирани во болница, ама иако се поминати околу месец и пол од случката, на раката ѝ стојат белезите од кучешките заби, а деновиве ја чека и операција на раката која и настрадала во немилиот настан.

Таа тврди дека ја нападнало кучето на соседот кое влегло во нејзиниот двор и се нафрлило врз нејзиното милениче, а во обид да го спаси, настрадала и таа и нејзиното куче.

– Мојата пудлица Боби сакаше да излезе во двор. Само што ја отворив вратата од куќата се појави комшиското куче и кога го видов го повлеков Боби внатре, ама успеа со канџите да ме изгребе на раката. Се исплашив многу. Викнав обезбедување, а потоа и полиција. Направија записник и си заминаа – вели Дана и додава дека и по овој настан кучето шетало низ нејзиниот двор двор, а бидејќи било многу агресивно, неа ѝ било страв да излегува надвор.

Во болница и ги санирале повредите, ама иако се поминати околу месец и пол од случката, на раката и стојат белезите од кучешките заби, а деновиве ќе мора да оди на операција бидејќи има хематом како последица на повредата, објави Вечер.

Од здобиените повреди почина миленичето на Дана, кученцето Боби.

Синот на Дана, Мајкл, кој живее во Њу Џерси, САД,  во телефонски разговор изјави дека за целиот случај ќе бара судска разврска, а парите од отштета ќе ги даде во хуманитарни цели.

Тужба за вознемирување најави и сопственикот на кучето, кој во телефонски разговор негира дека неговиот пес ја каснал жената и нејзиното милениче.