NBA колумна на Димитар Младеновски-Бруклин со перфектна турнеја на Западот

148

Бруклин Нетс со победа над Лос Анџелес Клиперс ја заокружија успешната турнеја по Западната конференција. “Мрежичките”, без Кевин Дурент, славеа над “Клиперси” со 112:108. На оваа серија од победи на гостински терен Бруклин Нетс, славеа над Голден Стејт, Сакраменто, Лос Анџелес Лејкерс, Феникс и Лос Анџелес Клиперс.

Џејмс Харден ги предводеше “нетси” до триумф со 37 постигнати поени, 11 скокови и 7 асистенции. “Брадата” ги постигна последните (клучни) два поена, од линијата за слободни фрлања.Никола Вучевич, продолжи со импресивните партии од почетокот на сезоната. Црногорецот го предводеше Орландо до победата на домашен терен над Детроит (конечни 105:96). Ветеранот натпреарот го заврши со 37 поени и 11 скока. Центарот на тимот од Флорида седми пат сезоната ја надминува границата од 30 поени на еден натпревар.

Денвер Нагетс паднаа во Атланта 115:123. За “јастребите” ова е само втора победа на последните десет натпревари, додека “нагетси” на последните седум гостински мечеви, имаат шест порази.Сјајниот шутер Треј Јанг и силниот центар Клинт Капела се истакнаа најмногу во редовите на Атланта. Јанг постигна 35, а Капела 22 поени. На спортивната страна Џемајл Мареј уфрли 30 поени, а Никола Јокич одигра под своите стандардни. Српскиот репрезентативец забележа за него скромни 15 поени, 10 скока и 6 асистенции.

NBA FAN

Димитар Младеновски