Славниот НБА ас: „На децата им објаснив дека не сме богати ние, туку јас. Ми се лутат, но парите мора сами да ги заработат“

481

„Ништо нема да им подарам“, изјавил легендарниот НБА ас, па го кажал својот став во врска со тоа.

Иако беше можеби и најдоминантниот кошаркар во историјата на НБА лигата, и покрај тоа четирикратен шампион, Шекил О’Нил (49) останал еднакво популарен и по 2011 година откако се прости од кошарката.

Тој со години е ТВ аналитичар, продуцент на електронска музика и диџеј со уметничко име „Дизел“. Исто така тој издал и четири рап албуми, се појавил во низа филмови и е еден од сопствениците на Сакраменто Кингс…

Тој исто така развива и линија на патики за деца по поволни цени.

Гостувајќи во една емисија О’Нил го објаснил својот однос кон парите и тоа како од своите деца бара тие сами да ги заработат и да смислат начин како да успеат сами, а тој секако дека ќе биде тука да ги поддржи.

„Моите деца сега се повозрасни. И, ги нервирам. Не се баш лути, но едно не сфаќаат. Постојано им зборувам дека НИЕ не сме богати. Јас сум богат. Мораш да завршиш факултет, па доколку сакаш да вложуваш во една од моите компании ќе мораш тоа да ми го претставиш и потоа ќе ти кажам дали ќе го поддржам тоа. Ништо нема да подарувам. Што се однесува до ќерките, за девојчињата ќе се грижам. А, што се однесува до синовите, момците ништо нема да добијат лесно“, изјавил О’Нил.

Инаку, богатството на кошаркарот се проценува на околу 400 милиони долари, а тој има шест деца.

„Имам планови за секое дете, но ги оставам сами да го пронајдат патот. Постои едно правило – обврзување. Не ме интересира дали играш кошарка, тоа воопшто не ме интересира. Сакаат да станат доктори, фармацевти, адвокати, некој кој има бизнис на повисоко ниво, некој кој ќе го препознае моето работење. Но, им зборувам дека ништо нема да им подарам. Мораат сами да ги заработат парите“, заклучил О’Нил.