NBA-Дерозан руши рекорди (ВИДЕО)

1178

Голема победа на Чикаго Булс над Лос Анџелес Лејкерс. “Биковите” одигра одличен меч и го заштитија домашниот терен (конечни 115-101).

Гостите настапија без Ентони Дејвис кој ќе паузира минимум три недели поради повреда. Во отсуство на Зек Лавин, Демар Дерозан (повторно) беше прво име со 38 постигнати поени. Последната четвртина беше посебно издание на сјајниот поентер.

Во последниот период Дерозан постигна 19 поени и сруши нов рекорд. Стана првиот играч на “ветровитиот град” по легендарниот Мајкл Џордан кој успеал да постигне вкупно 50 поени во последната четвртина, во тек на три последователни натпревари. Воедно Дерозан е и првиот по “летачкиот” кој успеал да постигне 38 поени во дресот на Чикаго против “лејкерси”.

Со новиот триумф, Чикаго е второпласиран на Истокот со скор 18-10.

NBA FAN

Димитар Младеновски