„Србите, Хрватите и Босанците се потполно сити, дури и изгледаат исто: Изјава на американски професор предизвикала бура на социјалните мрежи

446

Професорот по политички науки, Рој Касагранда од колеџот во Остин, Тексас го привлече вниманието на социјалните мрежи поради една изјава.

Имено, професорот Касагранда во видеото на ТикТок кое стана вирално, вели дека Босанците, Хрватите и Србите се сосема исти луѓе, а единствена разлика е нивната религија, пишува „Нова.рс“.

„Босанците, Хрватите и Србите се сосема исти луѓе. Тие зборуваат потполно ист јазик. Има некои регионални дијалектни разлики, но се работи за истиот јазик. Германскиот има повеќе варијации отколку што имаат тие три јазици еден од друг“, тврдел професорот во видеото од едно од неговите предавања.

Тој дава неколку аргументи со кои ги нагласува сличностите.

„Изгледаат исто. Генетски се исти, не можеш да ги разликуваш. Културолошки тие се исти. Тие живееле заедно, иако во Босна имало повеќе муслимани, во Србија, покрај Србите, имало и муслимани, а во Босна имало Срби. Тие беа измешани. Тие беа буквално соседи. Немаше српски или босански дел од градот, тие беа целосно измешани. Децата заедно одеа на училиште, заедно пазареа во исти продавници. Единствената разлика беше нивната религија“, нагласил тој, сугерирајќи дека оваа разлика е клучот за поделбата.

„Србија е претежно православна. Босна е претежно муслиманска, иако имаше огромно католичко и огромно српско православно население. А Хрватска, која претходно беше анектирана од Австро-Унгарија, беше католичка. Србите се гледаа себеси како продолжение на сесловенската држава. Тие ја сметаа Русија за свој пријател, како за нивен голем брат. Додека Хрватите, како католици, повеќе гледаа кон Германија, Австрија, Унгарија или Италија. Имаа малку поинакво влијание. А, Босанците, се разбира, гледаа кон Турција бидејќи се муслимани“, објаснил професорот.

Видеото предизвика бура од реакции на ТикТок, пред сè поради коментарите на луѓето од земјите за кои зборува. Многумина го обвинуваат дека не знае за што зборува, ги изнесува своите ставови и се соочува со своите вистини, но има и такви кои веруваат дека „навистина сме исти, едноставно не сакаме да признаеме“. Се разбира, оние кои жестоко не се согласуваат се надоврзуваат на тоа.

„Братот само што започна нова балканска војна“, се пошегувал еден корисник на социјалните мрежи.

Инаку, предавањето на д-р Рој Касагранда за Втората светска војна неодамна беше споделено на јутјуб-каналот на колеџот во Остин, а во него, меѓу другото, тој се осврнува на престојот во Сараево, во кој вели дека „лудо се заљубил“