NBA-Бостон Селтикс со целосна доминација во дербито (ВИДЕО)

356

Од синоќешните натпревари го издвојуваме дербито помеѓу најсилните од Истокот и Западот.

Во дуелот помеѓу најдобропласираните тимови во двете конференции, доминираше само еден тим.
Бостон го прегази Феникс со конечни 125:98.
“Селтикси” уште по првата четвртина, имаа двоцифрена предност и го диктираа темпото во текот на целиот натпревар.

Гостите од Масачусец испратија силна порака кон своите противници, и ја потврдија одличната форма во последно време.
Џејлен Браун и Џејсон Тејтум беа предводници на тимот со по 25 постигнати поени, а Малком Брогдон придонесе со 16 поени од клупата за резервни играчи.
Кај домаќините, Џош Окоги беше најефикасен со 28 поени. Во редовите на “сонцата” се врати ветеранот Крис Пол кој отсуствуваше еден месец поради повреда но, ни тоа не помогна на овој меч.

Бостон Селтикс победи 8 пат на последните 9 натпревари и во моментов е првопласиран тим во целата лига со биланс 21-5.

NBA FAN
Димитар Младеновски