Во игра за улогата на домаќин во моментов се градови како Белград, Каунас, Москва, Келн и Атина, според грчките меидуми во игра е влезе и нам блискиот Солун. Градоначалникот Константинос Зервас, веќе разговарал со челниците на ова натпреварување и им го понудил Солун како кошаркарски град и пристаниште, кое ги исполнува сите барања на Евролигата за организатор на завршниот турнир на прекинатата сезона.
Натпреварите би се играле во арената „Никос Галис“ во која настапува тимот на Арис, акоја е со капацитет од 5.000 гледачи, што и не е битен фактор во моментов бидејќи натпреварите би се играле без присуство на публика. Солун пред точно 20 години беше домаќин на фајналф-турнирот од Евролигата, кога Панатинаикос стана европски шампион со триумф во финалето против Макаби Тел Авив.
Ако дојде до официјализација, најдобрите европски кошаркари ќе бидат најблиску досега до нашата земја, што, сепак, нема да биде премногу значајно со оглед на затвореноста на границите како и фактот што средбите би се играле пред празни трибини.