Две папагалчиња се “расприкажале” и го разнежниле светот со своето однесување

97

Папагалите најчесто ги нарекуваат најзабавни домашни миленици поради нивната способност на однесување и изговарање на зборови.

И додека едни мислат дека станува збор за животни кои немаат поим што зборуваат, други се уверени дека тие сепак знаат кога треба и кој збор треба да го употребат.

Кога ќе ги слушнете Габриел и Фабио, папагалите од нашата приказна, ќе помислите дека тие навистина разговараат. Нивната размена на зборови и звуци има смисла, а најубавиот дел е кога ќе започнат да си даваат бакнежи.

Нивните сопственици велат дека Габриел има хормонални проблеми и поради тоа ги губи пердувите, а неговиот брат Фабио постојано го теши. Тоа ја прави уште посимпатична оваа приказна.

Погледнете го видеото кое со сигурност ќе ви го разубави денот:

loading...