На денешен ден, бевме сведоци на едно од најатрактивните забивања во историјата!
Кливленд Кавалирс гостуваше во преполната “Американ Ерлаинс Арена”, во сончевиот Мајами. Во уводниот месец од сезоната 2009/2010, двата тима имаа солиден старт од 6-2. Големиот Мајкл Џордан беше рамо до рамо со главниот човек на Мајами, Пет Рајли и го следеа мечот во првите редови.
На 4 минути до крајот на првата четвртина, се случи едно од најатрактивните забивања на сите времиња. По блокот на Џермејн О’Нил над ЛеБрон Џејмс, Двејн Вејд поита во контра напад. Завршницата претставуваше еден од најубавите постери до сега!

“Жешките” го загубија натпреварот со конечни 111-104, но она што остана запаметено е фантастичниот потег на најдобриот играч кој некогаш го носел нивниот дрес.
Следува видео со потсетување како Двејн Вејд го “уништи” Андерсон Варежао!
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















