Нова трансфер “бомба” одекна доцна во ноќта.
Клеј Томсон е нов играч на Далас Маверикс. По цели 13 години во дресот на Голден Стејт Вориорс се случи нешто што според многумина беше незамисливо. Еден од најдобрите шутери во историјата го менува дресот.
4-кратниот NBA шампион се приклучува на тимот од Тексас во трампа во кој беа вклучени сега веќе неговиот поранешен тим и Шарлот Хорнетс. Томсон потпишува нов три годишен договор вретен 50 милиони долари. Ова е крај на една ера за тимот во Оукленд и разделување на легендарните “Splash brothers”, најдобриот шутерски тандем на сите времиња сочинет од Томсон и Стеф Кари. При овој трансфер Голден Стејт Вориорс ќе добие два пика од втората рунда на драфтот во иднина а Шарлот Хорнетс го добиваат младиот бек Џош Грин.
По двете тешки повреди и пропуштањето на две цели сезони (во периодот од 2019 до 2021) Клеј Томсон успеа да се врати во врвна форма. Последните три сезони беше релативно здрав и секогаш подготвен за полн придонес постигнувајќи близу 20 поени по меч. Претставува еден од најомилените играчи што настапувале на кошаркарските терени и вистински пример за професионалност и лојалност. Многу аналитичира го предвидоа неговиот излез од “Чејс центарот” по се почестите изјави на раководството на тимот дека по големите успеси во последните две децении ќе тргнат во нова насока.
Далас Маверикс по ланскиот длабок продор во “плеј офот” и пласманот во големото финале ова претставува сериозна аквизиција на “Мавси” со надеж дека следната сезона ќе дојдат до посакуваната цел, шампионскиот трофеј.
NBA FAN
Димитар Младеновски