Лекарот на ТИТО ги открива последните зборови: Маршалот лежел на смртна постела, со пиштол до него! Едно нешто никако не смееја да му кажат, а тоа беше огромна грешка

2314

Д-р Миломир Станковиќ, личен доктор на Јосип Броз Тито додека маршалот беше на лекување во болницата во Љубљана, важеше е еден од ретките живи сведоци во последните денови на Југословенскиот лидер. Инаку, докторот почина лани.

Во времето на Јосип Броз, Миломир бил млад воен лекар. Тој беше поставен на должност како доктор покрај креветот на Јосип Броз Тито во болница во Љубљана. Неговата работа беше да запише сè, од терапијата на лекарите кои доаѓаа да го посетат маршалот, притисокот, општата состојба, она што лекарите го препишуваат како спас.

– Сè за неговиот третман се чуваше во тајност. Кога жена ми ме посети на Брдо кај Крањ, не ми беше дозволено да ѝ кажам дека ногата на Тито утре ќе биде ампутирана. Никогаш не се знаеше кој ве слуша, – д-р Станковиќ ја започна својата приказна, додавајќи дека во болницата им било кажано да не брзаат по ходниците, затоа што новинарите ги гледале низ прозорецот, и не смеат да откријат дали се случувало нешто итно. Д-р Станковиќ беше првиот што забележа дека левото стапало на Тито не изгледа добро.

– Тоа беше оклузивна ангиопатија. Не беше дијабетична како онаа што ја имаше на потколеницата. Таа оклузивна ангиопатија значеше дека крвниот сад што ја храни ногата беше блокиран. Тоа беше на неговата феморална артерија и ѝ се закануваше на ногата. Јас бев одговорен и морав да направам нешто. Се обидов да го убедам да се согласи со советот, но Тито постојано велеше да чекам со тоа, дека ќе помине – се сеќава докторот.

Набргу потоа, Тито доживеа страшна болка во ногата како никогаш досега. Пискот и лелек се слушаше и во собата и надбор од неа. Станковиќ тоа го искористи за да му објасни на помошникот на маршалот што видел, и заедно успеале да го убедат да биде прегледан од медицинскиот совет.

– Дојдоа и двајца одлични експерти од странство. Еден дојде од Соединетите Држави – тоа беше д-р Мајкл Дебејки, додека доктор Марат Књажев беше од Русија. Дебејки ги прегледал ногата и циркулацијата, додека Књажев целосно го прегледал. На крајот, тие рекоа дека Тито е во добра состојба, но дека му е загрозена ногата. Дебејки рече дека, бидејќи Тито не се согласува со ништо друго освен лекови, треба да пробаат еден бајпас. Но, тој рече да го предупреди Тито дека ако сето тоа не успее, ќе треба да му ја отсечат ногата. Од друга страна, Књажев рече дека терапијата е добра и дека треба да се продолжи со контрола на нозете – рече Станковиќ.

Најголемиот страв на Тито, се сеќава докторот, беше да ја изгуби ногата

– Тој ни рече: „Ако ми оди ногата, ќе си пресудам сам на себе си!“ Инаку, носеше пиштол во болницата што тајно го чуваше во неговата чанта, ама ние го отстранивме едвај. Никој не смееше да му каже дека треба да се ампутира ногата, но тие ја продолжија терапијата на неодредено време, што не помогна. И сè беше така додека не се исуши ногата и кога се исуши го труеше организмот – смета Станковиќ.

Фактот дека ампутацијата беше одложена трајно го уништи здравјето на југословенскиот маршал.

– Големата грешка беше што тој беше пречекан со лекови, а не со операција … Таа артерија може лесно да се блокира. Можев да го сторам тоа, но немав надлежности и Тито не би го дозволил тоа – рече д-р Станковиќ. Тогаш, седејќи покрај болничкиот кревет на Тито, кој ќе стане негова смртна постела, Станковиќ ги слушна и последните зборови на Јосип Броз.

Кога виде дека сè не успеа, неговите последни зборови беа: “Што треба сето ова да значи!” Сега, не знам дали се однесува на некои одлуки што тој ги донесе или до лекарите кои му ветија дека терапијата ќе успее. Во средината на февруари 1980 година, Тито веќе не можеше да зборува и беше во вештачка кома до крајот на животот. Правата линија се појави на 4 мај во 15:05 часот – се сеќава Станковиќ.