Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта и нагласи дека полицијата ќе дејствува многу построго кон возачите кои ги прекршуваат правилата и ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
– Ќе бидеме максимално репресивни кон сите кои дивеат по улиците и патиштата. Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет, рече Тошковски.
Тошковски посебно се осврна и на електричните тротинети, кои ги оцени како сериозен безбедносен проблем.
Според него, Министерството веќе анализира искуства од повеќе европски земји, а во подготовка се и законски измени кои би можеле да донесат построги правила за нивно користење.
– Мислам дека треба да одиме со порадикални решенија, особено во делот на забраните, воведување старосна граница и можеби регистрација на електричните тротинети. Тие претставуваат огромен предизвик за безбедноста во сообраќајот и очекувам конкретни решенија во најбрз можен рок, изјави Тошковски.
Министерот најави дека реформите во сообраќајната сфера ќе продолжат и во наредниот период, со цел намалување на бројот на сообраќајни несреќи и жртви на патиштата.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















