Владе Дивац претставува една од најголемите кошаркарски легенди од поранешните Југословенски простори.
Високиот центар беше еден од првите кој ја проби бариерата и на свои 20 години се пресели во САД. Можноста уште како дебитант да заигра во големото финале со величини покрај себе како “Меџик” Џонсон, Мајкл Купер, Џејмс Ворти, Бајрон Скот и останатите, беше отскочна даска за неговата кариера.
Српскиот великан во NBA помина 16 сезони во кои промени три тимови. Започна во “лејкерси” а потоа настапуваше за Шарлот Хорнетс и Сакраменто Кингс. Кариерата ја заврши во тимот кој го избра на драфтот, Лос Анџелес Лејкерс во 2005-та година. Многумина забораваат колку подвижен и агилен беше големиот Владе. Еден од оние кој и покрај своите 216 сантиметри, знаеше како со топката. Еден од центрите со префинето чувство за игра, одличен шут и луцидно чувство за асистенција.
Денес се потсетуваме на некој од најубавите потези во кариерата на членот на (најеминетната) “Хала на славните”, легендарниот Владе Дивац. Уживајте.
NBA FAN
Димитар Младеновски












![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)

