Аргентинскиот бисер пристигнува на “Сан Сиро” (ВИДЕО)

777

Милан по освојувањето на титулата интензивно се подготвува за следните предизвици.

По објавувањето за трансферот кој е речиси готов и треба да го доведе Дивок Ориги на “Сан Сиро”, уште едно звучно име се поврзува со “росонерите”. Аргентинскиот бисер и еден оф главните играчи на Ривер Плата, Енцо Фернандез е поврзуван со гигантот од Милано.

21 годишниот играч од средниот ред е дете од младинската школа на аргентинскиот клуб и има една од клучните улоги во сениорскиот тим. Неговиот офанзивен арсенал е импресивен и е сметан за еден од најпотентите млади напаѓачи. На 20 натпревари годинава има постигнато 8 голови и 6 асистенции и го привлече вниманието на европските клубови.

Понудата на италијанскиот шампион е 18 милиони евра па се очекува одговор на управата од Буенос Аирес. Фернандез веќе имаше изјава дека би немал ништо против да се пресели во Милано а тоа (секако) му оди во полза на италијанскиот првак.

По исклучително успешната сезона на црвено/црните (освојувањето на скудетото и пласманот во лигата на шампионите) се очекуваат сериозни потези на управата. Најпрво е неминовно продолжувањето на договорот на тимската легенда и прв човек во организацијата на клубот, Паоло Малдини. Секој потег кој ќе следи потоа ќе биде амбициозен со цел да пренесе јасна порака дека гигантот се враќа на европскиот врв.

Димитар Младеновски