Гвардиола се израмни со Мурињо, само пет тренери имаат повеќе трофеи од него

701

Титулата во Лига купот на Англија беше четврти трофеј за Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити.

По посната прва сезона, лани триумфираше во Премиер лигата и Лига купот, а оваа повторно во Лига купот и Супер купот на Англија. До крајот на сезоната е во игра за уште три трофеи бидејќи се бори во домашното првенство, Лигата на шампионите и ФА Купот.

Вчерашниот трофеј е вкупно 25. во кариерата на шпанскиот стручњак со што тој се израмни со Жозе Мурињо иако неговата кариера трае речиси една деценија помалку отколку на Португалецот. Од овие 25 трофеи, 17 се во домашниот фудбал, а осум на меѓународна сцена. Најмногу освои со Барселона – 14 за 4 сезони. За споредба, мурињо има само 4 во интернационалните купови.

Пред Гвардиола сега се само петмина тренери. Џок Стејн има 26, Луис Фелипе Сколари 27, Валери Лобановски 30, Мирчеа Луческу 32, а неприкосновен на првото место е Алекс Фергусон со 48. Од овие петмина, двајца се покојни (Стејн и Лобановски), Луческу неодамна го заврши својот селекторски ангажман во турската репрезентација, а Фергусон е во пензија. Единствено активен е Сколари кој минатата сезона ја освои титулата во Бразил со Палмеирас.