Ерик Џемба-Џемба откри дека се плашел од Рој Кин за време на неговиот престој во Манчестер Јунајтед.
Џемба-Џемба зборуваше за времето поминато на “Олд Трафорд” и се присети на еден играч од средниот ред кој (како што призна) никогаш не го видел да се насмее. Кин беше капитен на Јунајтед од 1997 до 2005 година, а денес работи како ТВ аналитичар. Ќе остане запаметен по својот агресивен стил и сериозност на теренот, а не само што ги плашеше противниците, туку и соиграчите.
“Рој Кин никогаш не се смееше затоа што е опасен човек. Тој е врвен човек и одличен пријател, но едноставно не се смееше. Тој само ќе те погледнеше. Единственп што му беше важно е што можеш да правиш на теренот“, рече Џемба, додавајќи:
“Бев малку исплашен бидејќи тој беше капитен, а јас имав 21 година. Тоа не е ништо невообичаено, но едноставно имавте одреден вид страв покрај таа личност. Иако тој беше многу добар човек и им даваше совети на сите. Ако не игравме добро, веднаш ќе им прочиташе лекција на сите. Беше врвен тип но се плашев од него додека бев во Манчестер“.
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















