Екипата на Вардар од сабота стартува со одбраната на круната во Лигата на шампионите, а во интернационалниот состав на Вардар кој е пријавен за настап место имаше за вкупно девет Македонци.
Во тимот на Давид Писонеро покрај капитенот Стојанче Стоилов и голманот Марко Кизиќ, кои беа дел од составот и минатата сезона тука се и Димитар Димитриоски кој дојде летово од Металург, како и ракометарите кои се дел и од Вардар јуниор: Стефан Атанасовски, Дејан Кукуловски, Давид Гашовски, Мартин Карапалевски, Ален Ќосевски и Васил Гогов.
Другите ракометари се добро познати. Тука се Тимур Дибиров, Павел Атман, Сергеј Горбок, Данил Шишкарев, Глеб Калараш, Сергеј Горпишин (Русија), Иван Чупиќ (Хрватска), Сташ Скубе, Домен Сикошек Пелко (Словенија), Даини Кристопанс, Артур Кугис (Летонија), Кристијан Дисингер (Германија), Калифа Гедбан (Алжир) и Јозе Гиљерме де Толедо (Бразил).

Првиот натпревар Вардар го игра в сабота во Франција против тимот на Монпелје, а почетокот е закажан за во 17:15 часот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












