Уште пред неколку дена се појави информација дека капитенот Серхио Рамос влегол во жесток конфликт со претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез и дека поради тоа сака да си замине.
Сепак, во текот на вчерашниот ден се појави информација дека причината за кавгата била токму желбата на Рамос да си оди и неговото инсистирање дека треба да биде пуштен тоа да го направи бесплатно поради астрономската понуда која ја добил од Кина.
Тоа го потврди и првиот човек на Реал, Флорентино Перез, кој истакна дека нема да му ја исполни желбата на капитенот и дека Кинезите треба да дојдат и да преговараат за слободата на стоперот.
„Немавме состанок во неговиот дом, туку тој дојде во мојата канцеларија со својот менаџер и ми кажа дека има многу важна понуда од Кина. Побараа да го ослободиме бесплатно, бидејќи трансферите во Кина биле многу комплицирани. Му објаснив дека не може да замине на ваков начин и дека сме подготвени да преговараме со клубот од Кина. Невозможно е да го пуштиме капитенот за без пари, тоа ќе биде опасен преседан и лош исклучок. Тоа е целата приказна, состанокот беше отворен и искрен“, изјави Флорентино Перез кој притоа откри дека Серхио Рамос во моментов е најплатениот играч на „Кралевите“, но не ја откри точната сума.
Понудата од Кина, неофицијално, изнесува 35 милиони евра на годишно ниво во следните три години, а доколку се реализира овој трансфер, Рамос би бил третиот најплатен играч на светот зад Меси и Нејмар.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)


