Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја потврдија првата позиција во Западната конференција. На гостувањето во Аризона, “воините” извојуваа победа од 116-107 и во моментов се наоѓаат на водечкото место во целата лига со скор 27-6. Стеф Кари беше лидер на тимот со 33 постигнати поени.
Лејкерси продолжуваат со лоши резултати и покрај маестралната игра на нивниот лидер. Леброн Џејмс постигна 39 поени и стигна до првата позиција по постигнати поени, на божиќните натпревари. Тоа не беше доволно за победа. Бруклин без својот најдобар играч, Кевин Дурент, успеа да направи серија од 7-0 во последните секунди и да извојува победа од 122-115. Прв стрелец на “мрежичките” беше Џејмс Харден кој оствари трипл-дабл ефект со 36 поени, 10 скокови и 10 асистенции.
Јута Џез стигна до третиот триумф по ред (120-116). Жртва беше Далас кој без Лука Дончич не знае за победа. Донован Мичел беше лидер кај домажините со 33 постигнати поени, а Бојан Богданович постигна 25.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















