Македонскиот женски ракомет утрово го потресе трагична вест. Од непознати причини почина поранешната македонска ракометарка Јулија Николиќ, позната по моминското презиме Портјанко.
Ракометарката многу млада пристигна во Македонија, на само дваесет години од Галичанка се пресели во Кометал Ѓорче Петров. Во редовите на европскиот првак Николиќ настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме заигра и за сениорската селекција на Македонија. Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, препознатлива по својата борбеност.
Од Кометал Ѓорче Петров во 2009 година, таа се пресели во Беледијеспор во Турција, па играше во француски Арвор (сега Брест), а настапуваше и во Русија за Звезда Звенигород. Кариерата ја заврши во Македонија, каде што Николиќ од 2013 до 2015 година ги бранеше боите на Вардар, во времето кога се склопуваше ѕвездената генерација.
За жал, на само 38 години од непознати причини за јавноста, Николиќ почина утрово во Скопје каде што живееше и беше сопственик на свој бизнис.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



