NBA-Драма на Флорида (ВИДЕО)

980

Од синоќешната NBA програма го издвојуваме дуелот на Флорида.

Мајами Хит го пречека Торонто Репторс во меч кој беше драматиче н неизвесен како ретко до сега. Не само што регуларните 48 минути не беа доволни за да се реши победникот туку беа потребни дури 3 продолженија. По 15 минути дополнителна игра, “рептилите” извојуваа голем триумф на гости со 124-120.

Балансираниот напад на гостите од Канада беше пресуден за победата. Прв стрелец беше Гери Трент јуниор со 33 поени, следен од дебитантот Скоти Барнс со 22 поени и Паскал Сиакам со 21. Целата стартна петорка на Тороното постигна над 19 поени а на спротивната страна беше залудна инзвонредната претстава на Џими Батлер кој оствари трипл-дабл учинок (37 поени, 14 скокови и 10 асистенции).

И покрај поразот, Мајами е сеуште првопласиран тим на Истокот со скор 32-18 а Торонто е осми со 24 победи и 23 порази.

NBA FAN

Димитар Младеновски