Од синоќешната богата NBA програма која броеше 11 натпревари, го издвојуваме најинтересниот. Најжешкиот тим во лигата, Лос Анџелес Клиперс кој имаше серија од 7 победи по ред се судри со лидерот на истокот, екипата на Филаделфија.
Двата тима имаа дуел пред две недели во Лос Анџелес каде “клиперси” триумфираа со 122-112. Тренерот на “сиксерси”, Док Риверс, се соочи со својот поранешен тим каде настапуваше како играч и беше главен тренер последните седум години.
Во исклучително неизвесен меч, на крајот домаќинот од Пенсилванија успеа да го одбрани домашниот терен (106-103). Џоел Ембид со 36 поени и 14 скокови беше лидер кај “сиксерси”. На спротивната страна Пол Џорџ постигна 37 поени но отсуството на Каваи Ленард беше видливо и премногу значајно за тимот од “Ел-Еј”. Во составот веќе неколку натпревари не е и бекот Петрик Беверли кој се опоравува од повреда. Маркус Морис имаше шанса да го израмни резултатот во последниот напад за “клиперси”. Според многумина беше фаулиран од Дени Грин, но судиите не се огласија.
И покрај прекинот на победничката серија, Клиперси се сеуште на третото место на табелата во западната конференција. Филаделфија ја задржа лидерската позиција на истокот.
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












