Видео кое ќе ве насмее и разнежни: Сопствениците се преправале дека хаската е невидлива, реакцијата на кучето е урнебесна

144

Сибирската хаска по име Мика има над половина милиони следбеници на Јутјуб.

Нејзините сопственици речиси секојдневно се трудат да снимат интересни видеа за да ги забавуваат своите следбеници, но и Мика која ужива да биде пред камерите.

На едно од последните видеа, сопствениците се преправале дека Мика е невидлива.

Имено, додека кучето седело покрај нив, тие ја повикувале и ја прашувале каде се наоѓа.

Мика прво чудно ги гледала и испуштала разни звуци за да биде забележана, но тие не ѝ обрнувале внимание.

„Каде е Мика? Ќе мораме да одиме на прошетка без неа“, зборувале сопствениците, а кучето се обидувало да биде забележано.

Почнало да ги лиже по лицата, па дури и јадело храна од нивните раце, но тие и натаму се преправале дека не го гледаат.

Сето тоа траело неколку минути, а потоа сопствениците ја прегрнале Мика и ѝ порачале дека ја сакаат и дека повеќе нема да се преправаат дека е невидлива.

Погледнете го видеото: