Ретро NBA-Кралски настап на “биковите” (ВИДЕО)

866

На денешен ден Чикаго Булс гостуваше во Калифорнија.

Сакраменто Кингс го пречека актуелниот шампион. Иако во поголемиот дел од натпреварот резултатот беше израмнет, последната четвртина беше клучна за крајниот епилог. Со вистинска доминација која беше карактеристична за големиот фаворит, Чикаго победи со убедливи 111:93.

Мајкл Џордан беше водечки стрелец со 32 поени, со одлична реализација од близу 60% од упатените шутеви. Втор стрелец во составот беше Скоти Пипен со 22 поени а Тони Кукоч постигна 16 поени.
На спротивната страна Мич Ричмонд беше водечки со 28 поени следен од (бековскиот партнер) Махмуд Абдул-Рауф кој постигна 19 поени.

Ова претставуваше пета победа по ред за “биковите”, а успеаа да триумфираат и во наредните три натпревари.
Чикаго, во оваа натпреварувачка сезона повторно беше прво пласиран тим во лигата со 69 победи и (само) 13 порази.
Во големото финале, се судри со Јута Џез и ја освои петата круна во тимската историја.

Уживајте во најубавите потези од најголемиот кошаркар на сите времиња.

NBA FAN
Димитар Младеновски