Зборовите со кои Никола Тесла во 1926-та година го предвидел интернетот и смартфоните

161

Никола Тесла бил научник и визионер многу понапред од времето во кое живеел. Во прилог, тој факт го докажува и неговото интервју од 1935-та година за магазинот “Liberty“ во кое вели: „Нашата цивилизација е во растројство затоа што не се прилагодивме доволно добро на добата на машини“.

Тесла уште оттогаш сфатил дека луѓето ќе се прилагодат, односно ќе ги совладаат машините, во поглед на произведување храна, клима, генетика. Исто така тој предвидел, десеттина години пред појавувањето на компјутерот, дека автоматизацијата и смислувањето на “машините кои размислуваат“ ќе има ослободување од напорната работа.

Во уште едно интервју од 1929-та година за магазинот “Colliers“, Тесла изјавил дека “во иднина ќе комуницираме по пат на едноставна џебна опрема“. Идејата за планетарната wi-fi конекција тогаш постоела во главата на Тесла, како и сликата за денешните мобилни телефони.

„Кога целиот свет ќе биде безжично поврзан, ќе настане еден голем мозок кој веќе постои… Ќе можеме да комуницираме едни со други за момент, без оглед на оддалеченоста. И не само по тој пат туку и по пат на телевизија и телефон ќе се гледаме и слушаме едни со други како да се наоѓаме “лице в лице“. Уредот со помош на кој ќе го правиме тоа ќе биде многу поедноставен од денешните телефони. Еден таков уред ќе носиме во нашите џебови“.

Никола Тесла бил ентузијаст и оптимист во поглед на користењето на софистицираната технологија и сметал дека таа ќе помогне во спречувањето на војни, сиромаштија, болести, загаденост и незадоволство кај луѓето.

„Кога луѓето би можеле да сведочат на случување како инаугурација на претседател, светски натпревари или пак ужасни битки, ќе дојде до будење и соединување на човештвото“ – рекол Тесла во интервју за “Colliers“.

Во истото интервју тој зборувал и дека жените ќе станат супериорен пол поради будењето на нивниот интелект.

Сепак сценариото во кое живееме, а кое многу повеќе личи на мрачна дистопија од серијата “Black Mirror“ го демантирал легендарниот научник.

Или можеби сепак не е готово?