Пред да почнете да разгледувате што има ново на социјалните мрежи задолжително исчистете го вашиот мобилен или таблет. Корона вирусот може да преживее на мобилен телефон и до 9 дена, пренесува светски познатиот портал „Њујорк пост“.
Едно германско истражување покажа дека новиот вирус што го тресе светот може да опстане на метал, стакло и пластика, пренесува овој портал, а токму од вакви материјали се направени телефоните и таблетите.
Затоа телефоните треба да ги исчистиме секој пат кога се враќаме дома. Еве како треба да го направиме тоа:
Треба да земете течност што содржи 0.1 отсто натриум хипоклорит или 62 до 71 отсто етанол (ова е главна состојка на повеќето гелови што се користат за дезинфекција). Течноста треба да се нанесе на мека крпа и со лесни движења да се пребрише екранот во траење од една минута. Никако не нанесувајте директно на екранот.













![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















