Ново засилување за македонскиот шампион

501

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со засилување на ростерот.

Од денес, нов кошаркар на “металците” е искусниот крилен-центар Страхиња Мичович. По ангажирањето на плејмејкерот Мајк Кофи, Мичович е второ интернационално засилување на нашиот шампион. Поседува богато искуство настапувајќи за Раднички, ОКК Београд, ФМП, Борац Чачак, Игокеа, Мителдучер, Телеком Баскет Бон како и во два наврати за Морнар Бар од каде што пристигнува во редовите на “аеродромци”.

Ланската сезона српскиот интернационалец настапи на 38 натпревари. Најзначајна негова карактеристика е одличната игра во одбраната и борбеноста. До сега МЗТ ги продолжи договорите со капитенот Дамјан Стојановски, Адем Мекич, Дамјан Робев, Бојан Крстевски а го задржаа американскиот бек Бре Ајви.

Димитар Младеновски