Њукасл почна да гради силен тим

598

Њукасл почнува со интензивните подготовки за следното првенство.

По превземањето на клубот од страна на саудискиот милијардер, Мохамед Бин Салман беше само прашање на време кога ќе пристигнат звучни имиња на “Сент Џејмс парк”. Се очекува формирање на моќен состав кој би се борел за врвот на Премиер лигата.

Според англиските медиуми, управата на клубот е спремна да издвои околу 50 милиони евра за 19-годишниот француски напаѓач Хуго Етиките кој настапува за Ремс. Според информациите на “Скај Спортс”, францускиот клуб веднаш ќе добие 36 милиони евра како оштета а се очекува (со остварувањето на бонусите и клаузулите од овој трансфер) сумата лесно да ја премине 50-ката.

Веќе пишувавме за заинтересираноста на “страчките” спрема дуото на Евертон составено од бразилецот Ричарлисон Де Андраде како и Доминик Калверт-Левин, како две од потенцијалните засилувања за “црно-белите”.

Саудијците почнуваат со богати понуди

Останува да чекаме на официјализација на останатите трансфери. Импресивно делува податокот дека Њукасл е спремен да потроши близу 300 милиони евра за потенцијални засилувања.

Димитар Младеновски