Бостон Селтикс и Бруклин Нетс одиграа драматичен меч кој се решеаваше во последните секунди. “Келтите” победија со 115:114 пред се благодарејќи на одличната игра на Џејсон Тејтум кој постигна 31 поен, следен од Џејлен Браун кој постигна 23.
Актуелниот шампион, Милвоки Бакс победнички го започна плејофот откако на домашен терен го совлада Чикаго со 93:86. Јанис Антетокумпо беше водечки реализирајќи дабл-дабл ефект од 27 поени и 16 скокови. Одлична игра пружија и Брук Лопез кој постигна 18 и Џру Холидеј со 15 поени.
Најдобриот тим во регуларниот дел од првенството, Феникс Санс поведе со 1:0 против Њу Орлеанс Пеликанс. “Сонцата” славеа со 110:99 предводени од својот диригент Крис Пол кој 19 од своите 30 поени ги постигна во последната четвртина од натпреварот.
NBA FAN
Димитар Младеновски