НБА анализа на Димитар Младеновски: Derrick Rose е АLL STAR играч и го заслужува тоа!

134

Ако се тргне од емотивни причини тука нема дискусија (дури и за оние луѓе кој не биле негови обожаватели).

Нема да ги наведеме сите страотни повреди кој ги имаше.

Нема да ги наведуваме сите операции кој ги имаше последниве години.

Нема ни да го наведеме емотивниот аспект на секој играч кој успеал да се врати по тешка повреда (во случајот на Derrick Rose е многу повеќе од една тешка повреда).

Нема да наведеме ни податок дека кога ке добие шанса покажува блесоци од оној истиот кој го паметиме како еден од најдобрите играчи во лигата.

За жал многу фанови имаат селективна меморија кога е во прашање денешната кошарка а времето е најголем непријател на секој спортист.

Derrick Rose заслужува место во All-Star тимот оваа сезона и колку и да ви звучи необјективно или пристрасно онаа храброст и срце со кој игра на теренот нема мерна единица!

Ова не е лажен сјај туку чиста волља да се докаже уште еднаш (по кој знае кој пат) дека заслужува шанса.

Најмладиот MVP во историјата на NBA лигата и тоа како има уште сила да покаже дека има што да понуди.

 

NBA FAN

Димитар Младеновски

loading...