Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба
да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната
дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување.
Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31
декември играта на среќа „Лото 7“ дава уште точно 7 можности за 7-ка во 2025
година, преку 7-те кола во коишто ќе се извлекуваат добитните лото бројчиња.
Со предвремената уплата, можете однапред да учествувате во 7 последователни
кола и безгрижно да ги прославите празниците, знаејќи дека вашата шанса за
добивка е веќе обезбедена. Дозволете му на „Лото 7“ да ве изненади, уплатете
навреме и уживајте во празничниот дух исполнет со надеж.
Со симболични 30 денари за една лото комбинација, си подарувате моменти
исполнети со мечтаење, возбуда и она незаменливо чувство на исчекување. Секоја
ваша лото уплата ви ја отвора вратата кон свет ‒ полн со нови можности и ви ја
дава шансата да се запрашате: Што ако токму јас сум следниот добитник на
големата седумка?
Тоа е патот по кој поминаа досегашните 28 среќни добитници на седумки од 2010
година до денес. Тие порачуваат дека секогаш треба да се верува во среќата и
никогаш да не се изгуби надеж. За седумка досега се славеше во Битола, Куманово,
Кичево, Кавадарци, Свети Николе, Тетово, Струмица, Неготино, Кочани, Охрид и во
Скопје, а последната и најголема постигната седумка вредна над 1,7 милиони евра,
беше освоена во Охрид во 2024 година.
Играта на среќа „Лото 7“ прерасна во традиција, којашто спојува генерации. Во
исчекување на 29-тата седумка, потсетуваме дека со секоја уплатена комбинација
се дава и придонес кон општествено корисни цели ‒ поддршка на науката,
образованието, културата, спортот, животната средина и проекти од јавен интерес.
И дека среќата е насекаде, само треба да ја побарате.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















