Македонскиот селектор Игор Ангеловски е повеќе од позитивно расположен во очекување на утрешниот натпревар со Косово во полуфиналето од плеј-оф баражот за пласман на Европското првенство следната година.
„Ако во нешто сум сигурен тоа е дека утре фудбалерите ќе го дадат максимумот како никогаш досега во своите кариера. Факт е дека е чудно е да се игра во вакви услови. Но, за тоа никој не е виновен. Сите сакавме да играме пред полн стадион, тоа е предноста на домашен терен, правилата и условите се такви какви што се и ние ќе дадеме се од себе за го добиеме тој натпревар“ – истакна Ангеловски на прес-конференција пред дуелот, и дополни:
„Не може да не чувствуваме притисок бидејќи по 30 години играме бараж. Сигурен сум дека нема да биде последен, а се надевам дека ќе биде успешен. Она издание во септември и ова во октомври се тотално различни од аспект на физичка подготовка бидејќи сите репрезентативци имаат многу повеќе натпревари… Жално е ова што се случи со капитенот во Џенова, изгуби од ритамот, но овој меч се игра и без тренинзи под силна мотивација кога знаеме од колкаво значење е мечот“.

Јасно е дека двете селекции ќе бидат без најдобрите состави. Но тоа не е и не може да биде алиби за ниту една од страните…
„И двете репрезентации ќе бидат некомплетни. Ние останавме без Елмас а Косово ќе биде без клучни фудбалери. Но, натпреварот се игра 11 на 11 на фудбалери, па сигурно ќе пресуди и поголемата желба за победа на својата репрезентација. Го почитуваме максимално противникот, но кога ќе почне мечот размислуваме само на победа“ – вели Ангеловски.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра утре од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











