Дејан Манасков, левото крило на македонскиот ракометен шампион Пелистер, е приведен синоќа во Охрид, соопшти полицијата од тој град.
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола, објави МВР.
Според полицијата, поранешниот македонски репрезентстивец по завршувањето на мечот Охрид – Пелистер, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Охрид го победи Пелистер со 29-25 и му нанесе болен пораз на македонскиот првак, кој сега заостанува четири бода зад скопски Вардар.
По мечот, ни охридските улици дивееле и гостинските навивачи Чкембари, кои нападнале жители на Охрид во центарот на градот и за нив, исто така, интервенирала полицијата.














![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)



















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-100x70.webp)


