NBA-Возбудлива новогодишна ноќ (ВИДЕО)

550

Новогодишната вечер беше исполнета со возбудливи натпревари.

Лука Дончич продолжи со својата магија. Словенецот постигна 51 поен и 9 асистенции и беше најзаслужен за тесната победа од 126:125, на гостувањето во Сан Антонио.
Далас стигна до шестата победа по ред и во моментов се наоѓа на четвртата позиција во Западната конференција, со скор 21-16.

Чикаго Булс го пречека Кливленд Кавалирс.
Победникот беше решен во последните секунди. Демар Дерозан имаше шанса да донесе победа за својот тим но, неговиот обид заврши неуспешно па гостите од Охајо заминаа со победа од 103:102.
Керис Леверт беше прв стрелец со 23 постигнати поени, следен од Кевин Лав кој постигна 20 поени.

Мемфис Гризлис се судри со Њу Орлеанс Хорнетс.
Во дуел помеѓу најдобропласираните тимови на Западот следуваше возбудлива и атрактивна игра.
Младите “гризли мечки” одиграа одлично и извојуваа убедлива победа од 116:101.
Џа Морент беше лидер со 32 поени и 8 асистенции а Мемфис со 22 победи и 13 порази има само еден триумф помалку од синоќешниот противник.

Јута Џез го пречека Мајами Хит.
Во уште еден натпревар кој беше полн со неизвеснот, победникот се реши во последните секунди.
Тајлер Хироу погоди тројка во трк и донесе победа на гостувањето во Солт Лејк Сити (126:123). Хироу покрај победничкиот шут имаше 29 постигнати поени а прв стрелец беше Бем Адебајо со 32 поени.

NBA FAN
Димитар Младеновски