Груевски преноќил во вилата на Виктор Орбан

479

Телевизиската екипа на “1ТВ” вчера замина за Унгарија во потрага по повеќе информации за локацијата на ескпремиерот кој моментално е во бегство.

Врз основа на информации од нивни извори, тие дознаваат дека Никола Груевски се наоѓа во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако првата вечер во Унгарија ја поминал во хотелот “Коринтија” во Будимпешта.

Груевски кој избега од Македонија кога требаше да замине на издржување на двегодишната казна затвор, се огласи на својот Фејсбук профил дека се наоѓа во Унгарија, каде моментално бара политички азил.

Унгарските служби одбиваат да дадат коментар додека не завршат сите постапки, со што индиректно се потврдува информацијата дека Груевски побарал азил. Во меѓувреме откако од МВР пристигна потврда дека експремиерот е во Унгарија, од министерството беше распишана меѓународна потерница.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека Груевски не може да биде екстрадиран додека трае постапката за азил.