NBA-Воините се вратија од -19 (ВИДЕО)

589

Голден Стејт Вориорс поведе со 2:0 во финалето на западната конференција против Далас Маверикс.

Рано сабајлево, “воините” славеa со 126:117 и покрај тоа што на полувремето беа во минус од 14 поени. На почетокот од третата четвртина гостите од Тексас стигнаа до највисокото водство од +19 но, тогаш проработе шутот на домаќините. Со фуриозна игра до крајот на натпреварот извојуваа голема победа.

Стеф Кари беше водечки со 32 поени, следен од Џордан Пул со 23 поени. Одлична игра пружи и младиот центар Кевон Луни кој оствари дабл-дабл учинок од 21 поен и 12 скокови. На спротивната страна и покрај брилијантната партија на Лука Дончич од 42 поени и 8 асистенции “мавси” не успеаа да го издржат притисокот во “Чејс” центарот.

Серијата се сели во Далас за третиот меч.

NBA FAN

Димитар Младеновски