Милан го договори првото засилување за следната сезона

688

Веќе пишувавме за иднината на белгискиот репрезентативец, Дивок Ориги.

Ориги на излезна врата

На ден пред најважниот меч во сезоната и борбата за титулата, Милан веќе го договори првото засилување за наредната година.

Белгискиот репрезентативец, Дивок Ориги го напушта Ливерпул по крајот на сезонава кога му истекува актуелниот договор. Според британските медиуми тој веднаш ќе се пресели на “Сан Сиро” каде ќе стане првото засилување на Милан за натпреварувачката ’22/’23.

Според информациите Ориги веќе ги договорил личните услови со “росонерите” и веднаш по завршувањето на финалето од лигата на шампионите би пристигнал во “Каса Милан”, на официјални прегледи.

27 годишниот белгиец на “Енфилд” пристигна во 2014 година од редовите на француски Лил. На 107 настапи има постигнато 33 погодоци.

Димитар Младеновски